Search

„Никофон“ ќе ја гради катната гаража кај„ Автомакедонија“

Неколку кривични пријави  и  протести на граѓани не успеаа да го поништат планот за градба на осумкатна барокна гаража кај плацот Автомакедонија. Судската пресуда во корист на Никофон, му даде амин на сопственикот Никола Настески да може да почне да гради уште денеска. Ова ги натера Центарци да излезат на протест во одбранана единствената слободна површина која беше спасена од проектот „Скопје 2014“ на претходната влада.

На протестот дојде и градоначалникот на општина Центар за да им ги каже следните чекори за спречување на градбата.

Од другата страна на паркингот за време на протестот беше и сопственик на „Никофон“ кој наместо да одговори кога ќе почне со градење на гаражата , на новинарите им подели визит картички, а по тоа не ни одгововари ни на телефонските повици.

За овој случај, до сега се поднесени три кривични пријави. Според тврдењата на Богдановиќ обвинителството нема отворено истрага.  Одговор на прашањето до која фаза е истрагата и дали е отворен предмет не доби ни Телма. Градежната дозвола за изградба на барокна гаража е издадена пред пет години.

Треба да знаете
Последни објави