Search

Никос Тоскас ги повика пратениците да го прифатат законот за ратификација на Протоколот за НАТО

 Известувачот од владејачката СИРИЗА на Комисијата за национална одбрана и надворешни прашања во грчкиот парламент, Никос Тоскас, за нацрт законот за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, рече дека „се спроведуваат чекорите и обврските на грчката страна согласно предвиденото од веќе одобрениот од Парламентот, Договор од Преспа”  и им се обрати на сите пратеници независно од партиската припадност и ставовите, да гласаат „за”, јави дописничката на МИА од Атина.

Пратеникот од СИРИЗА рече дека главниот критериум за гласање на Протоколот е „да размислиме ние, како претставници на народот и на нацијата, како сакаме соседната земја да се вклучи во глобалниот систем и локално на Балканот под постоечките меѓународни корелации, со реализам и без апстрактни форми и идеали”.

-Ги повикувам сите колеги, независно од партиската линија и послушност, да го прифатат овој нацрт договор кој е обврзувачка последница и предуслов од Договорот од Преспа, што ги имплементира нашите национални интереси, кој ја стабилизира и надградува улогата на нашата земја во поширокиот регион на Балканот и на Источниот Медитеран, порача Тоскас.

Тој им се обрати на пратениците од Комунистичката партија на Грција, од Златна зора и Нова демократија, за нивните позиции во однос на Договорот од Преспа.

-Веројатното одбивање на ратификацијата на Протоколот од Нова демократија води до провоцирачки противречности во нејзината надворешна политика со традиционалната посветеност на НАТО и Европската унија, истакна Тоскас.

Во неговото обраќање, пратеникот од СИРИЗА детално ги објасни членовите во нацрт законот за „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија”, и членовите на комисијата ги потсети на неколку факти поврзани со НАТО.

Треба да знаете
Последни објави