Search

Никол Пашинјан: Нема воено решение за конфликтот во Нагорно Карабах

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан изјави дека нема воено решение за конфликтот во Нагорно Карабах.

– Азербејџан треба да признае дека конфликтот во Нагорно Карабах нема воено решение. Долго време, азербејџанската влада спроведуваше анти-ерменска пропаганда и долго време се закануваше дека, спротивно на сите меѓународни повици, планира да го реши проблемот со Нагорно-Карабах насилно, нагласи Пашинјан.

Тој додаде дека се надева дека сега, кога, како што рече, не успеа да ги спроведе плановите на неговото воено раководство, Азербејџан ќе сфати дека конфликтот во Нагорно Карабах нема воено решение.

Пашијан за телевизијата Русија 1 изјави дека спорот околу територијата, која прогласи независност од Азербејџан во 90-те години на минатиот век и во која Ерменците се мнозински народ, треба да се бара преку преговори под покровителство на копретседавачите на групата Минск на ОБСЕ.

Сепак, тој додаде дека ваквите преговори бараат „соодветна атмосфера.

– Што се однесува до нас, преговорите треба да продолжат од точката од каде што започнаа. Тоа е форматот на копретседавачите на Минската група, изјави Пашинјан, но додаде дека е тешко да се зборува за преговори во време кога воените операции се во тек.

Треба да знаете
Последни објави