Search

Николоски: Фамилијата Заев почнале да го трансферираат капиталот во Бугарија, нема да дозволиме да избегаат, правдата ќе ги стигне

Носителот на листа во изборната единица 4 и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, денеска на средба со граѓаните на општина Прилеп, посочи дека фамилијата Заеви формирале 5 фирми во соседна Бугарија, посочувајќи дека се уште нема одговор за ова од Заев и СДСМ, бидејќи како што рече тој нема никаков одговор, а нема затоа што ја кажав вистината.
Денес утрово излегов на прес конференција, на која што до овој момент нема никаков одговор, а нема затоа што ја кажав вистината семејството Заеви формирало вкупно 5 фирми во Петрич соседна Бугарија и почнале да го трансферираат капиталот од овдека. Почнале фирмите кои што ги имаат овде, да ги префрлаат таму. Тие се спремаат или за поделба или за бегство, зависи од исходот на изборите. Јас мислам дека се спремаат за второто, а ние нема да им дозволиме да избегаат затоа што правдата ќе ги стигне веднаш, вели Николоски.
Николоски, ја побара поддршка од граѓаните на општина Прилеп, нагласувајќи дека овие избори се многу важни и е потребна огромна референдумска излезност, односно како што рече тој потребна е голема разлика за да има голема победа за ВМРО-ДПМНЕ се со цел зачувување на Македонија.
Потребно ни е на 15 јули да имаме огромна референдумска излезност. Потребно ни е да излезе секој еден од вас, да ги поканите вашите роднини пријатели, комшии сите кои што ги познавате да излезат и да гласаат. Потребна ни е референдумска излезност. Потребно ни е во Прилеп да имаме 75, 80 проценти излезност за да е разликата голема. За да е победат голема, за да ја зачуваме Македонија ваква каква што ја познаваме, и да ја поправаме по темелите по кои што е удрена во моментот.
Ве замолувам на масовна излезност, тоа е клучно за овие избори, суштинската разлика помеѓу нас и СДСМ е што СДСМ сака ниска излезност за некој друг да одлучува за вас. А ние сакаме вие да одлучите која ќе е иднината на Македонија, рече Николоски.

Збор два за иднина. Не можам и нема да ветам чудам, но ќе работиме да е многу подобро од ова што го гледаме деновиве. Првата работа што ќе ја направиме, првиот закон кое што ќе го усвои македонското собрание со мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде закон за забрана на увоз на тутун пред да се откупи целокупниот домашен тутун, за никој да не ви ја цица маката и да не ви го јаде трудот. Плато по 3.500 нето или по 5.500 евра бруто во Тутунски комбинат нема да има. Кој сака и кој му чини да работи има да работи и да зема плата и обичниот народ и обичниот свет.
Понатаму, реализација на автопатското решение Градско, покрај Кавадарци, Прилеп, Битола, грчка граница. Ова е за мене најзначајниот стратешки проект за Македонија и за македонштината. Ние мора да ја отвориме Централна Македонија инфраструктурно, за дополнително тука да се развива стопанството, за да се отвораат работни места, за да го задржиме македонскиот супстрат во Централна Македонија кој што е клучен за опстојот на Македонија и затоа ќе го реализираме овој проект, порача Николоски.

Треба да знаете
Последни објави