Search

Николоски: Се работи домаќински и со план

Луѓето на Истокот на изборите претходно беа под притисок, под закани, под уцени.  Посебно земјоделците,  работниците. Тоа време е минато. Работниците се наша светост и ние ќе продолжиме да ги штитиме нивните права. Затоа денес покажавме дека може да имаме повисока минимална плата од 9.000 на 14.500 и тоа еднаква и во текстилната и во кожарската индустрија. За сите од овој регион, порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на коалицијата „Можеме” од синоќешната трибина во Штип.

Тој нагласи дека во Источниот регион се инвестира и се гради како никогаш досега, а поддршка има и за сите категории граѓани.

-Овозможивме да има зелена нафта, која  до крајот на мандатот ќе биде покриена 100 проценти,  има  поголеми субвенции, направивме многу капитални проекти. Нема регионален пат што не е направен од Делчево до Лозово, од Крива Паланка до Штип. Три од четири експресни патишта се градат на Истокот. Истокот да биде уште поповрзан, да се тргува, да ги вратиме нашите Македонци, а да ги извезуваме нашите брендирани прозводи. Автопат Миладиновце – Свети Николе-Штип, го  оставија многу проблеми кои ние требаше да ги поправаме и на кои изгубивме многу време, рече Николовски, соопшти СДСМ.

СДСМ и Коалицијата „Можеме”, дополни, ја нуди чесноста и одговорноста државата да продолжи по вистинскиот пат.

Треба да знаете
Последни објави