Search

Николоски: Поддршка на млади земјоделци со неповратни грантови од 20.000 евра и поддршка до 50 проценти за механизација и за обновување на насади

Знаете самите вие тука какви се условите за живот на македонските земјоделци. Цела година да се работи за на крај некој да ви ја исцица маката и да ви го исцица трудот. Тоа е тажната вистина за македонскиот земјоделец со Зоран Заев на власт, вели Александар Николоски од ВМРО ДПМНЕ, носител на листа во изборната единица 4 на денешната средба со жителите на општина Кривогаштани.

Николоски потенцираше дека без разлика каде и да оди во кој град од четвртата изборна единица секаде се соочува со истиот проблем, додавајќи дека новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да го измени законот за тутун односно како што рече тој нема да смее да се увези кило тутун додека не се откупи домашниот закон.

Тажната вистина е дека десетици, десетици и стотици килограми тутун минатата година останаа неоткупени и се уште ги гледам неоткупени во дворовите во четвртата изборна единица секаде каде што одам. Без разлика дали сум тука, во прилепско, или во Конче, во радовишко, во валандовско, во струмичко, секаде луѓето ми велат појди позади куќа да видиш што имам и гледам цели бали со тутун стојат непродадени.

И тоа е така затоа што зелената мафија успеа да излобира минатата година кај СДСМ, кај фамилија на власт да се донесе закон за увоз на тутун во Македонија пред да се откупи домашниот. Целта беше многу едноставна да се изеде маката на земјоделецот, да се изеде маката на сите вас.

Една од првите работи што ќе ги направи владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од новиот премиер Христијан Мицкоски и тимот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде промена на законот на тутун да не смее килограм тутун во Македонија да се увезе пред да се откупи целокупниот домашен, за никој да не ви ја јаде маката и за никој да не ве уценува, изјави Николоски.

Се отвораат и неколку други дилеми поврзани со истата работа. На пример видовме директорот на тутунскиот комбинат тука во Прилеп која што е државна фирма, директорот го именува владата си зема 3.500 евра нето плата, 5.500 евра бруто плата. Цело семејство, цела година да работи под услови овие бандити да не го уценуваат заработува од тутун помеѓу 5 до 7 илјади евра за цела година. Овој бандит за еден месец заработува колку цело семејство за цела година. Такви неранимајковци донесоа на власт, од најниско до највисоко, такви бандити ја водат државата. На тоа на 15 јули заедно со вас ставаме крај, а после тоа доаѓаат промени и одговорност за сите кои што направиле криминал или ја злоупотребиле положба, вели Николоски.

Николоски го повика Заев да одговори дали основната причина за носење на законот за тутун е поради тоа што семејството Заеви влегува во тутунскиот бизнис односно сака да го преземе струмичкиот тутунски комбинат Струмица табак каде што веќе поседуваат акции.

Дали една од основните причина зошто се донесе закон за тутун е тоа што семејството Заеви влегува во тутунскиот бизнис односно сака да го преземе струмичкиот тутунски комбинат Струмица табак каде што веќе поседуваат акции, дали тоа е основната причина за ова однесување. Го повикувам Зоран Заев јавно да одговори на ова провокација која што ја игнорира со денови, како штос о денови игнорира да одговори дали е во состојба да докаже потекло на сопственото богатство и капитал и богатство и капитал на неговото семејство, праша Николоски.

Николоски истакна дека проектот Обнова за Македонија нуди над 1.000 проекти, а меѓу нив и многу проекти за земјоделците кои што ќе значат вреднување на трудот и маката на земјоделците.

Отворање на можност за мали и средни претпријатија за откуп со вкупен фонд од околу 200 милиони евра бескаматни обновливи кредити за да може да имаа земјоделците загарантирана цена и навремена исплата на нивниот труд и нивното производство.

Понатаму, наводнување суштинско битно за цела Македонија. Имаме убаво поле, имаме земја, немаме вода, 20 милиони секоја година 80 милиони евра за четири години вкупно за акумулации за мали вештачки езера за ревитализација на постојаната каналска мрежа за наводнување и за изградба на нова мрежа за наводнување за да може да стигне вода до секоја нива и до секое поле, додаде Николоски.

Поддршка на млади земјоделци со неповратни грантови од 20.000 евра како и едукација што е најдобро да се сади  и истото да се одгледува.

Поддршка до 50 проценти за механизација, за обновување на насади, како и за подигнување на нови, вели Николоски.

 

Треба да знаете
Последни објави