Search

Николоски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ ја почитува одлуката на народот изразена на референдум и рудници нема да се отвораат

Тука сме пред она што треба да е брана Конско, можам да кажам дека истата беше проектирана во текот на 2016 година, беа одобрени средства и требаше да почне да се гради на почетокот на 2017 година, со цел да биде завршена до крајот на 2019 година, порача Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија.

За жал, се уште, како што можеме да видиме е во изградба и не е завршена затоа што за жал владата предводена од СДСМ не доволно ја следи динамиката на градба како што е предвидено по планот.

Она што можам да го кажам како ветување и заложба на ВМРО-ДПМНЕ е дека силно ќе се фокусираме на доизградба на оваа брана која што треба да значи наводнување за голем број на земјоделски производи и голем број земјоделци и да со тоа наводнување се зголеми земјоделското производство во гевгелиско, но и во целиот овој регион, а исто така ќе придонесе многу за развојот на туризмот.

Она што исто така сакам да го споменам е дека постојат постапки за отуѓување на земјиште кое што е во сопственост на приватни лица за експропријација и истото праведно ќе биде направено, на еден праведен начин и по пазарни цени со цел луѓето исто така да бидат обештетени и никој да нема штета од овој проект. Напротив овој проект треба да е еден убав развоен проект целиот овој регион.

Се надевам на победа на изборите на 15 јули и после тоа да можеме да ја реализираме оваа брана со цел како што кажав да заживее целиот овој регион, а и земјоделците да добијат соодветно наводнување.

Уште една тема би сакал да искоментирам, таа е поврзана со иницијативата за отворање или она што се говори поврзано со рудниците, она што сакам да го кажам е дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ја следи волјата на народот, за разлика од СДСМ, никогаш не оди против јасната волја на народот изразена на референдум.

Волјата на луѓето тука во Гевгелија, во гевгелиско, во четвртата изборна единица ако сакате затоа што имаше и други иницијативи е јасна и на референдум беше изразена, тоа е против отворање на рудници и ние тоа го поддржуваме и рудници нема да се отвораат затоа што народот тоа не го сака. Ние секогаш постапуваме онака како што народот одлучува.

Народот одлучи дека нема да има рудници и рудници нема да има.

 

Треба да знаете
Последни објави