Search

Николоски: Ние сакаме горди Македонци

Aлександар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ реагираше на вчерашната видео подршка од Алексис Ципрас за Зоран Заев.

„Не можам да се изначудам, ни срам, ни перде. Па го направија што го направија најголемото национално предавство барем сега да се скријат, да молчат, тие се  радуваат и гордеат.

Еве Ципрас ги поздрави со едно, па да ги поздравам со една друга песна од Блаже Коневски, јас мислам една друга е посоодветна за Заев, Димитров, Шекеринска, и кликата околу нив.

Ја знаете сите добро, Молитва

Спаси ме Боже, од болните луѓе

што се накажани,

та не се криви,

нивната злоба умерено суди ја,

самите од неа одвај се живи.

Тие се мислат повикани да водат

како Мојсија и другите пророци

а самите не можат да се ослободат

и влечат по себе ситни пороци.

Дај Господе, што помалку очите да

им ги бодам –

штом тие лево ќе фатат,

јас десно да одам.

Десно да одиме сите, да бегаме од овие неранимајковци, предавници и да ги испратиме на најтемните страни на историјата.

https://www.facebook.com/NikoloskiA/videos/676640239550178/?t=58

Треба да знаете
Последни објави