Search

Николоски: Криминалот нема боја, секој што се огрешил пред законот ќе сноси кривична одговорност

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, во вечерашното интервју за Македонската телевизија посочи дека идната влада на ВМРО-0ДПМНЕ ќе предложи закон за испитување на капиталот и богатството на политичарите и носителите на јавни функции изминатите 30 години, додавајќи дека ако некој не може да го докаже потеклото на богатството тогаш ќе има оданочување од 70 проценти како што е во сите западно европски држави и ќе се поведе кривична одговорност.

Криминалот нема боја. Нема криминал на СДСМ или криминал на ВМРО-ДПМНЕ или на друга политичка партија. Има криминал или има чесни луѓе.

Ако некој е во состојба да го докаже потеклото на капиталот тоа треба да се знае, затоа што треба да се знаат и чесните луѓе. Но ако некој не е во состојба тоа да го направи треба да се оданочи 70 проценти, значи да се врати украденото кај народот како што е во секоја модерна западно европска држава и да се поведе одговорност и ние од тоа нема да отстапиме, вели Николоски.

Треба да знаете
Последни објави