Search

Николоски: Заев со променето име и штетен договор со Бугарија не успеа да добие датум, а камо ли да почне со преговори со ЕУ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за порталот Лидер изјави дека владата на Заев има катастрофално неспособна дипломатија, затоа што со променето име, штетен договор со Бугарија и со сите национални концесии кои ги направија не може да добијат датум за преговори, а камо ли да почнат со преговори за членство во Европската Унија.

-Жалната вистина е дека во октомври 2019 година со променето име, со лош договор со Бугарија, владата на Заев не ни успева да добие датум за почеток за преговори, а камо ли да почне со преговори и затоа моите прогнози можат да водат само кон едно, а тоа е оставка на владата на Заев веднаш и брзи предвремени избори на кои што ќе дојде до промена на владата и една влада на ВМРО-ДПМНЕ способна и посветена да се обиде барем наредната година да почнеме преговори за членство во ЕУ да не изгубиме уште една година, потенцираше Николоски.

Тој истакна дека и одлуката на Заев и владата да направат договор за пакет со Албанија се покажа како погрешна и сега наместо да ја признаат грешката и да си поднесат оставки тие се однесуваат како да не се од тука и секаде го бараат виновникот освен во самите себе.

-Гледаме се однесуваат како да не се одовде, Османи си замина до Луксембург, не слушнавме дека некој го примил досега, Димитров беше до Брисел исто не слушнавме дека било кој го примил сега Заев најавува дека ќе патува и втората несериозност, патуваат и министерот за надворешни и потпретседателот за европски прашања двајца луѓе некоординирани меѓу себе кај исти луѓе бараат средби. Ова значи дека Македонија има катастрофална неспособна дипломатија, нагласи Николоски.

Треба да знаете
Последни објави