Search

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи да се помогне на граѓаните но нема да поддржи изборен поткуп и криминал

Вечерва во „Отворено Студио“ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш сака да се помогне на граѓаните, но нема да дозволи изборен поткуп и корупција од страна на СДСМ, тоа е суштинската разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„Ние сме за помош и за поддршка, и први апелиравме за мерки. Но мерките се случуваа многу подоцна. Стопанството е во голем проблем. Разговарајте и со било кој сакате стопанственик, во моментов нема ниту еден релевантен стопанственик или економист кој што ги поддржува или ги брани мерките на Владата“, појасни Николоски.

„Беше споменат примерот со Хрватска и добро е што се спомна затоа што има суштинска разлика помеѓу нас и Хрватска. Но и помеѓу Македонија и сите останати земји од регионот, а тоа е дека Македонија најлошо се справува со корона кризата од целиот регион. На пример во Хрватска во изминативе два дена има само 4 нови случаи, а од 14 мај до денес има вкупно 7 случаи и воопшто немаше вонредна состојба. Значи за два дена имаат 4 случаи, а од 14-ти мај до денес 7 нови. Значи во просек има еден кома нешто случаи дневно. Македонија за два дена има 47 случаи, а во изминативе седум дена има 165 нови случаи. Значи 47 во Македонија, 4 во Хрватска. 165 во Македонија за седум дена, 7 во Хрватска“, нагласи Николоски.

Николоски додаде дека овие податоци покажуваат сериозна разлика, бројот на тестови на еден милион жители е 10.682, а бројот на тестови во Хрватска е 13.583 значи и повеќе таму тестираат отколку овде.

„Ако планираат да одат на 21 јуни на избори на сметка на граѓаните со среќа да им е“, нагласи Николоски.

Треба да знаете
Последни објави