Search

Николоски:Потребна е влада за национален спас за да се надминат последиците од корона кризата , но и за надминување на проблемот со Бугарија

Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за проблемот со Бугарија како и за битката со здравствениот и економскиот аспект и посочи дека поради ваквите проблеми ВМРО-ДПМНЕ бара влада за национален спас која од една страна ќе се избори со економските и здравствените последици со корона кризата но и со проблемот со Бугарија.

-Она што мене ме загрижува е она што и се случува на Македонија како држава. Имено и во проблемот со Бугарија и во битката со здравстениот и економскиот аспект на кризата како два најголеми проблеми кои ги има во моментов во Македонија не се користат најдобрите умови, не се користат најпаметните луѓе и нема една ширина кај власта да ги употреби истите. Паметни држави кога ќе се случат вакви големи кризи, а ова за Македонија е најголема криза по осамостојувањето, паметни држави ги повикуваа најдобрите луѓе кои ги имаат без разлика на политичката профилација, градат заеднички ставови и се обидуваат да се изборат, вели Николоски.

Тој додава дека затоа ние бараме влада за национален спас која ќе се избори од една страна со економските и здравствените последици на корона кризата, од друга страна ќе се спротистави на националните понижувања од Бугарија и ќе најде начин да го отвори патиот за интегрирање на Макдонија во Европската Унија.

-Тоа може само најпаметните и најспособните да го направат со една широка општествена и политичка поддршка тоа секако го нема во оваа влада на Зев, рече Николоски во своето гостување.

За буџетот за 2021 година тој посочи дека во период на корона криза власта предвудува 20 милиони евра плус за вработување кои ќе бидат чисто партиски и 22 милиони евра за ситни набавки.

-Денес во Собранието почнува да се разгледува буџетот за 2021 година. Во услови на корона криза имаат предвидено 20 милиони евра плус за вработување во јавна администрација кои ќе бидат чисто партиски вработување. Не предвидуваат пари за амбулантни возила, за респиратори, не предвидуваат пари за нови ковид оддеелинија, но за нови вработувања предвидуваат 20 милиони евра, а на тоа уште 22 милиони евра предвидуваат за таканаречени ситни набавки и тоа е превод столици, тонери печатари и слично. И оттука се поставува прашањето што толку е потребно во текот на оваа година 22 милиони евра да се потрошат на ова, а да не се трошат на потребен медицински материјал за луѓето да не можат да се спасуваат од оваа болест која што го зафати целиот свет, вели Николоски.

Тој додава дека овие две ставки покажуваат како душмански се однесуваат и тоа оди од најниско до највисоко ниво, тој кој е на најниско ниво во хиерархијата на СДСМ гледа се вработи, а тој кој е највисоко да украде и и да продаде и е филозофија која функционира во СДСМ од оснвањето на партијата до денес, рече Николоски.

Николоски се осврна и на случајот со Лидија Димова според кого овој случај нема врска ни со владеење на право, ниту со систем има исклучи врска со внатрепастискафракциска битка со СДСМ.

-Бев гостин на една друга национална телевизија и таму и исто така и таму зборувавме за датум за преговори тогаш беа многу среќни претставниците на власта затоа што имало позитивен извештај на ЕУ. Тоа беше минатата година во јуни и јас реков овој извештај не соодветствува на реалноста и неколку земји членки на ЕУ подготвуваат свои извештаи и тоа беше тогаш скандализирано, како е тоа возможно за после неколку дена да се покаже дека неколку земји членки на ЕУ навистина имаа свои извештаи за состојбата во Македонија кои не соодвествуваа на извештајот на ЕУ и заради таа причина Македонија во октовмри 2019 исто така не доби датум за почеток на преговори. На истата емисија реков дека една од причините зошто Македонија тогаш нема да добие датум за почеток на преговори е злоупотреба на пари од Европската агенција за образовни програми кој што се пари кои ги дава ЕУ на локална агенција предводена од владата и од претставник на шарената револуција кои треба да ги менаџира тие пари. Јас кажав дека има индиции за криминал, тогаш тоа беше демантирано и бев напаќан за сега да стигнеме да имаме јавно објавен скандал, разрешување на директорката и истрага за истата работа, рече Николоски.

Тој во своето гостување посочи дека ќе било доблесно Заев да праша како ги тој имал сите информации. -Ќе беше доблесно да се јави Заев да праша како ги имаш сите овие информаци.

-Јас би ги ставил сите мои контакти на располагање на Македонија затоа што мене една работа ми е пред освојувањето на власта и победата на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е добробитта на Македонија. Отварањето на овој случај нема врска ни со владеење на право, ниту со систем има исклучи врска со внатрепастиска фракциска битка со СДСМ, додаде Николоски.

Треба да знаете
Последни објави