Search

Николоска: СДСМ е партнер со граѓаните, ние го слушаме нивниот глаc

о знаеме добро проблемот што претходните го создадоа со давањето на државното добро за богатење на поединци. Во 2012 година владата на ВМРО-ДПМНЕ дала концесија и потпишала договор за изградба на минихидроцентрали на вратничката река Ракита, без да го информира и да се консултира со месното население не само од Вратница туку и од соседните населени места.

Овие луѓе обединети од повеќе околни села останаа истрајни во својата борба неколку години. Ние како партија го слушнавме нивниот глас, и градењето на мини хидроцентралите е времено стопирано. Ние не сме против бизнис секторот, но кога се интереситe на граѓаните во прашање и кога мора да се заштити животната средина – тогаш мораме да кажеме не.

И во новиот 4 годишен мандат СДСМ ќе продолжи да биде партнер со граѓаните.
Ние нема да дозволиме некој да нема вода вода за пиење, за некој да ја експлоатира водата за лична корист.

Со прогласување на Шара за национален парк ќе го забраниме секое експлоатирање на природните богатства. Од криволовот и  риболовот, непланската дива сеча на дрва за огрев, до градење на минихидроцентрали и секакви дивоградби. Ќе може само да се развива планинскиот туризам со строго утврдени критериуми. И, нормално, ќе овозможиме планско зафаќање на водата за пиење без да се наруши биодиверзитетот.
.
СИТЕ ЗА ЕКОДРЖАВА е еден од столбовите на коалицијата МОЖЕМЕ. Ги ангажираме сите капацитети,  сите институции, заеднички да се грижиме за чист воздух, за водите и за почвите.

Треба да знаете
Последни објави