Search

Николоска: Во новиот мандат уште повеќе ги поддржуваме домашните компании

Почитувани граѓани,

Во посета сме на  Фабриката за рециклажа на гуми во индустриската зона во Желино. Фабриката е домашна инвестиција во висина од 8 ипол милиони евра.

Таа е единствена од ваков тип во поширокиот регион, која ќе ја заштити животната средина од автомобилските гуми како отпад. Користи најсовремена опрема за механичка преработка и нема негативен еколошки ефект.

Добиениот материјал од преработката наоѓа примена за изградба на патишта, спортски терени и велосипедски патеки.

Оваа фабрика ни овозможува 300 нови работни места.

Компанијата од државата добива поддршка за враќање на средствата од инвестицијата во висина од 50% и поддршка за секое новоотворено работно место.

Особено сме горди што еден ваков објект се гради во рурална средина со што придонесува за унапредување и креира одржлив економски развој.

Учествува во намалување на невработеноста обезбедувајќи работни места за младите, со што директно придонесува за спречување на одлив на работна снага во странските земји.

Во новиот мандат уште повеќе ги поддржуваме домашните фирми, а со членството во НАТО носиме рекорден број странски инвестиции. Нови инвестиции, нови работни места и повисоки плати за сите.

До крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4%. Креираме нови работни местa преку брза трансформација на македонската економија.

Поддршка за домашни и странски инвестиции во износ од 600 милиони евра: 300 милиони од домашни средства и дополнителни 300 милиони евра од европските фондови што се отвораат.

 

Треба да знаете
Последни објави