Search

Николов и Начевски ќе ја делат правдата на реваншот Кил – ПСЖ

Македонските ракометни судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе ја делат правдата на реванш дуелот меѓу Кил и ПСЖ, во рамките од четвртфиналето во Лигата  на шампионите.

Четвртфиналните пресметки меѓу екипите кандидати за пласман на завршниот фајнал фор во ЛШ што ќе се игра во Келн почнуваат денеска и во Париз ќе се сретнат ПСЖ и Кил.

Реваншот помеѓу Кил и ПСЖ што ќе го судат македонските судии ќе се игра пред повеќе од     10.000 гледачи во „Вундерино Арена” во Кил на 19 мај.

Треба да знаете
Последни објави