Search

Николовски: Сите надлежни институции работат на расветлување на случајот „Еразмус+“

Надлежните институции започнаа со проверка на случајот за доделувањето финансиски средства од ЕУ преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, информира на социјалните мрежи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски.

Тој додава и дека е во постојана комуникација со институциите и најави дека случајот целосно ќе се истражи и расчисти.

„Истрагите не ја исклучуваат и политичката одговорност, ако за тоа има основа. Како член на Владата одговорен за спроведување на етичкиот кодекс, активно го следам развојот на настаните и ќе ја известам јавноста за секоја понатамошна релевантна информација“, наведува Николовски.

Треба да знаете
Последни објави