Search

Николовски од Крива Паланка: Во недела од Крива Паланка ќе дојде најголемата историска победа, граѓаните ќе покажат дека реализираното има свое име и презиме – СДСМ

Ќе има голема победа во Паланка и тоа уште во првиот  круг,  која ќе биде историска, победа со која сите се гордееме, победа која е искрена, чесна и која СДСМ и коалицијата ја имаат  заслужена, победа како резултат на многу труд, работа, посветеност за целиот својот крај, за своето родно место, порача на денешната граѓанска трибина, во Крива Паланка, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Николовски посочи дека изминатите четири години токму во овој регион се реализирани крупни капитилани инвестици кои придонесоа за развој општината.
„Направиме многу во изминатите 4 години за нашата Крива Паланка и горд сум колку што сте и вие на тоа исто како вас! Патишта, водоводи, канализации, улици, се граде после 40 год Крива Паланка тргна напред, расте и се развива како што и доликува. Како што заслужува!Крива расте се развива и нема назад. Инвестиравме буквално во секоја област, вложивме 100 милиони евра за патна инфраструктура, за да ги модернизираме клучните патишта во овој регион, делот од Коридор 8. Железницата за поврзување со Бугарија конечно е реалност, и Крива Паланка е портата кон Европа!Зборот е збор Ветеното го исполнивме, затоа сме горди. Исполнетите ветувањата, сработеното, имаат потпис, тоа сме сите ние, заедно, на чело со СДСМ. А на 17 ти октомври, со својот глас, граѓаните ќе покажат дека реализираното тука во нашиот крај има свое име и презиме”, рече Николовски.
Николовски додаде дека развојот на општина Крива Паланка ќе продолжи уште повеќе и уште подобро.
„Крива Паланка знаеше што е најдобро пред четири години. Знае Крива Паланка и сега. Сашко Митевски е идниот градоначалник на Крива Паланка. Верувам дека сите проекти што ги презентираше Сашко, ќе бидат реализирани,а и вие знаете дека зборот е збор и она што го ветуваме го исполнуваме верувам во неговата визија и желба за развој на своето родно место. Верувам дека со Сашко, нашата Крива Паланка ќе стане подобар дом, за нас тука и за следните генерации кои иднитата ја гледаат тука во својот град”, рече Николовски.
Ова е победничкиот тим на Крива Паланка и ова е пример како треба да се креираат совтенички листи за победа уште во првиот круг, убедлива и најголема , ќе гласаме за Сашко, за борјот 12, за Најдоброто, за модерна и и за европска Крива Паланка, порача Николовски.
Треба да знаете
Последни објави