Search

Николовски од Катланово: Со ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните завршуваат во Белизе, со СДСМ минималната плата ќе достигне 20.000 денари

Изјава за медиуми, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3

„Две и пол години не се долг период. Сепак и за толку малку време направивме голем пресврт.
Со чесно и домаќинско работење го вративме достоинството на граѓаните, ја зголемивме вредноста на трудот, ги враќаме парите кај граѓаните.Секое семејство живее подобро.
Секое семејство има повеќе приходи.
Минималната плата ја зголемивме од 9.000 денари на 14.500 денари. Просечната плата исто така постојано расте. Расте и социјалната помош и тоа за неверојатни 300 отсто.Тоа се реални пари, тоа е реално подобар живот за сите. Не се фрлаат пари за лажни фасади, за врби, за сметки на Белизе.
И тука не застануваме! Не сме направиле се’. Можеме уште повеќе и  уште подобро.
Имаме план за уште повисока минимална плата до 20.000 денари, тоа  е за 120 отсто повисока плата од  мизерните и срамни 9 илјади кои ВМРО-ДПМНЕ ги одвоија за минимална плата.
Ќе расте и просечната плата до 34.000 денари, ќе растат и пензиите.
Затоа што можеме уште повеќе, можеме уште подобро.

Денес, пред Вас се обврзуваме на нови цели, нудиме решенија за сите граѓани, решенија за подобра иднина.
Носиме нова македонска развојна економија, која ги штити работниците и носи повисоки плати и нови работни места.
Го зголемуваме и повратот на пари кај граѓаните од ДДВ, од 600 на 800 денари.
Заедно со сите вас, ја спречуваме сивата економија.
Драги пријатели, со домаќинско работење секогаш има пари за граѓаните.
До крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4 проценти.
Изборот е јасен, разликата е видлива.
Од една страна е концептот на СДСМ и парите кај граѓаните, од друга страна е ВМРО-ДПМНЕ која парите од граѓаните ги носи на Белизе.
Сакаме безбедност и сигурна држава која живее во мир или сакаме обнова. Обнова на режимот, обнова на притисоците, обнова на нарачаните инспекции, обнова на списоците.
На 15 јули одиме на нова победа, на нови успеси.
Затоа што знаеме како, затоа што заедно МОЖЕМЕ!
Треба да знаете
Последни објави