Search

Николовски не реализираше ништо од ветенотo, наместо проекти СДСМ спроведуваше рекет

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Љупчо Николовски

 

Љупчо Николовски бесрамно се обидува да ги манипулира гласачите во третата изборна единица кај што во 2016 ветуваше 600 километри нов автопат, 550 километри магистрални и 1.000 километри локални патишта. Од тие ветувања нема ништо. Сега им останува да се фалат само со проекти кои ги отпочнала, испроектирала или обезбедила финансиска конструкција владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа функционерите на СДСМ не можат да набројат ниту еден нивни проект.

Љупчо Николовски треба да објасни и до каде се ветувањата дека 32 града во Македонија ќе бидат гасифицирани, до каде е ветувањето дека секое семејство ќе има месечен приход од најмалку 1000 евра, дека вработените во здравството ќе земаат двојно повисока плата. Од овие ветувања немаат ништо реализирано.

Власта на Заев и СДСМ овие три години беше фрлена на корупција, криминал и рекет. Наместо на криминал да посветеа пола од времето на реализација на проектите кои ги ветуваа сега Македонија ќе имаше образ да се појави пред истите гласачи.

СДСМ и Заев покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Треба да знаете
Последни објави