Search

Николовски и сопругата негативни на коронавирус

Стигнаа резултатите од тестот за ковид-19 и со Андријана сме за среќа, негативни на истиот, соопшти генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

-Давам огромна поддршка за партиските другари на кои нема да им биде лесно периодов во изолација. Останете силни. На сите вас останати мои пријатели, ви посакувам здравје и само добро. Заедно да ги пребродиме маките. Никому не му е лесно, но мораме да стиснеме заби и да ја добиеме битката. Почитувајте ги мерките, доаѓаат подобри времиња. Ќе има време и за прослави и за собиранки и нови фотографии. Но прво, мора да сме цврсти, решителни и да истраеме во заедничката борба против пандемијата. Без исклучок да ги почитуваме трите правила: Одржувај физичка дистанца од 1,5 до 2 метри. Задолжително носи заштитна опрема. Често миј ги и дезинфецирај ги рацете“, напиша Николовски.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1153401905026165&set=a.126300557736310&type=3

Треба да знаете
Последни објави