Search

Николовски: Зборот важи, приоритетите на сите граѓани

Николовски: Зборот важи, приоритетите на сите граѓани

Тимовите на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија заедно со коалицијата и нашите волонтери продолжуват со нови маалски и урбани средби во сите општини во втората половина на август.

Ги промовираме економските ефекти од нашите политики, од договорите со Бугарија и Грција, од нашиот крупен напредок кон #НАТО и 🇪🇺 но ги запишуваме и приоритетите на сите граѓани.

Дискутираме со граѓаните и за ефектите од новите мерки што ги реализираме ова #лето2019 👇 :

 зелената нафта за 55.000 земјоделци со поделени над 35.000 верни картички досега,
 укинувањето на квотите на лекови што започна од туристичките места и продолжува секаде,
 повратот на #МојДДВ со скенирани над 10 милиони фискални сметки досега од граѓаните и за вкупните ефекти од овој проект,
 градежната инфраструктурна офанзива на град Скопје и во сите општини,
 намалување на цената на парното во #Скопје за 6 %,
 укинувањето на налепниците при регистрација на возилата,
 пораст на платите за 10.4 % за само 2 години,
 зголемувањето на платите на вработените во градинките за над 3.000 дрнари,
 зголемувањето на платите на вработените во секторот социјална заштита за 16 % или за над 4.100 денари и за новото покачување од дополнителни 5 % во септември,
 градењето на 43 нови градинки,
 зголемената социјална помош за 300 %,
 решавањето на долгогодишниот проблем на на вработените во Еврокомпозит со закон,
 моменталното градење на 4 експресни патишта и моментална реконструкција и рехабилитација на 388 км регионални и магистрални патишта,
 подготовка за реконструкција и рехабилитација на нови 450 км регионални и магистрални патишта,
 почетокот на реализацијата на 204 инфраструктурни проекти за рурален развој во сите општини наменети за улици, водоводи и канализации,
 рекордната реализација на нови инвестиции во модернизација и опрема на постојните како и нови преработувачки капацитети преку #ИПАРД за што сме лидери во регионот,
 одобрениот нов повик за #ИПАРД во септември каде имаме нови 15 милиони 🇪🇺 средства за бизниси и развој,
 склучувањето на договори со сточарите за финансирање и набавка на приплоден добиток и тоа за 1496 говеда и 1453 овци,
 можноста земјоделците наместо до 3 да можат да добијат од државата до 10 хектари земја како и многу други поволности со усвоениот Закон за земјоделско земјиште,
 новата мерка преку која младите фармери се ослободени од плаќање на закупнина за земјиште во следните 3 години,
 ново отворениот клинички центар во Куманово,
 обезбедувањето на финансирање на нов Клинички центар во Скопје за сите граѓани,
 новите поволности за пациентите, специјализантите и лекарите со усвоените измени на Законот за здраствена заштита.

#ЗборотВажи

Фејсбук статус на Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски

https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.3/posts/2470676699820521?__xts__[0]=68.ARBYKIjHyQQE7TNLmZoq1vuTVGez2W0qskFq_eWhLL0i9UFBz8bsT8VF44_CHDCZl6HqghkR7j9QNMeeJErGe5YvqE2l-sNKyEXxwSE2Csgw_W4BTwdhzoAeAC1Rtt7FO4NxH-yR2eDOOFKCleDidwIXrVhoGG98gCAslQryVmefB0GyScehPPpcN1zeV95xPFhUfVW5D_vlNEXKipEoaWgVLmu0x0Ns525DUWjlxO9lx1_o3wOUWUB1r3ie3B3aZAaaNSyg0tXDObFHmqhieIiHWrC2Yp-Vpe44PXsdpixa7Ep8LGdLSrOMCQzaWPQVlk2yGrGgQEMH-m9Mf03OFj-ILMD-&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави