Search

Николовски во СОС Детско село: Секое дете заслужува среќно и исполнето детство

Децата се нашата иднина, секое од нив заслужува среќно и исполнето детство, еднакви услови за раст и развој, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој беше во посета на децата сместени во СОС Детското село.

Во рамки на посетата, вработените од СОС Детското село го запознаа министерот Николовски со принципот на заштита и грижа за децата кои ја загубиле, или се изложени на ризик да ја загубат родителската грижа.

МЗШВ веќе има ангажирано дете кое е пораснато во СОС Детско село и е студент на Шумарскиот факултет.

Министерството, како што се наведува во соопштението и во иднина ќе остане отворено, грижејќи се и нудејќи можности за децата во згрижувачките домови и семејства.

Треба да знаете
Последни објави