Search

Николовска на 24 ТВ: Во оваа криза на секој пациент му беше пружена соодветна здравствена нега од страна на здравствениот систем

Фаница Николовска, кандидат за пратеник во ИЕ 6 од редовите на СДСМ, во денешното издание на “Отворено студио” на 24 телевизија истакна дека вложувањето во здравствениот систем ќе продолжи и понатаму бидејќи токму заради таквите инвестиции нашиот здравствен систем не крахираше и не остави незгрижен ниту еден пациент, за разлика од некои други многу поразвиени системи во Европа.

“Пандемијата со коронавирусот го зафати целиот свет, тоа беше неочекувано за сите, меѓутоа нашата држава навремено презеде мерки, како здравствени, така и економски. Здравствениот систем покажа дека е ефикасен и дека може да функционира и во кризни ситуации, тоа ја покажа и оправданоста што изминатиов период многу вложувавме во здравството, реконструиравме здравствени установи, ги зголемивме платите на лекарите и медицинскиот персонал, повеќе се плаќа дежурството, на специјализантите им се плаќаат дежурствата, имаше вработувања итн. Така ќе продолжиме и понатаму. Државата со навременото преземање на мерките за заштита од ковид-19 не дозволи да видиме ситуации како што видовме во многу други држави кои имаат дури и многу поразвиени здравствени системи од нашиот, не видовме пацинети во ходници по болниците, не видовме некому да не е пружена соодветна здравствена нега од страна на здравствените институции. Здравствените работници се нашите херои и им оддаваме почит за тоа. Со намалување на рестриктивните мерки се зголеми бројот на случаи од ковид-19 и ние секогаш апелираме дека сите мора строго да ги почитуваме мерките” – истакна Николовска.

Во однос на улогата на опозицијата во оваа здравствена криза, Николовска со став:

“Јас ниту еднаш не слушнав од ВМРО-ДПМНЕ да излезе и да каже што е тоа што требало да се преземе во врска со кризава, освен критика. Единствено нешто што направивте во оваа ситуација е дека ги понудивте “вашите лекари” да учествуваат во давање совети. Ниту еден предлог не слушнавме. Техничкиот министер за внатрешни работи повика на несанкционирање на граѓанте кои не ги почитуваат мерките, го видовме завчера и вашиот лидер во Јегуновце, носи ракавици, се поздравува со луѓето, па со истите ракавици јаде леб. Каков пример им дава на граѓаните?!”- запраша Николовска.

Треба да знаете
Последни објави