Search

Николовска: Дескоска стипендија за ќерката на Димитров, Димитров ја предлага Дескоска во Венецијанска комисија

Рената Дескоска продолжи со прекршување на законите. Дескоска е незаконски номинирана за претставник на Македонија во Венециската комисија, изјави Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа информира дека ВМРО-ДПМНЕ поднело претставка до Државната комисија за спречување  корупција заради номинирањето на Дескоска во Венециска комисија.

„Членот 2 став 3 од Законот за спречување корупција и судир на интереси вели ‘Под судир на интереси се подразбира состојба во која службено лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасно вршење на неговите јавни овластувања и службени должности’. Заради ова, очекуваме во најбрз можен рок антикорупционерите да го разрешат овој случај на судир на интереси. Индикативно е следново, практично предлогот во Венециска на меѓународно ниво го доставува МНР на Никола  Димитров, откако тука се самопредложи Дескоска кај Заев“, рече таа.

Николовска праша дали ова значи враќање на услугата од страна на Димитров кон Дескоска, затоа што Дескоска, како што рече, ѝ дала стипендија во Холандија на ќерката на Димитров кога беше министер за образование и тоа во висина од над 40.000 евра?

„Состојбата на судир на интереси е создадена во моментот кога МНР ја известува Венециската комисија за номинирањето на Десковска. Десковска доколку ги почитувала законите требала да се повлече од една од двете функции. Впрочем, и статутот на Венециската комисија налага независност и забрана нејзините членови да примаат инструкции од надвор. Тука пред сè се мисли на државите од коишто тие доаѓаат“, рече таа.

Треба да знаете
Последни објави