Search

Никола Миротиќ уплатил 500 илјади евра за лекување на бебе од Врање

Суперѕвездата на Барселона и европската кошарка Никола Миротиќ донирал половина милион евра во фондот за лекување на деветмесечниот Вукан Стојиљковиќ од Врање.

Детето боледува од спинална мускулна атрофија, а за неговото лекување се потребни 2,5 милиони евра. Со донацијата на Миротиќ собрани се околу 1,7 милиони, а рокот истекува за девет дена.

„Кај оваа болест е најважно што побрзо да се прими лекот Золгенсма. На 18 мај треба да одиме во Будимпешта и веднаш би почнале со анализи што значи дека тогаш ќе стартува и лекувањето. Ние мораме да се обидеме да собереме пари, не смееме да ја испуштиме можноста“, пишува во објавата на Фејсбук.

Според родителите на Вукан Стојиљковиќ, Миротиќ уплатата ја извршил тајно и не сакал да се зборува за тоа. Тие само откриле дека се работи за спортист, а потоа медиумите дошле до останатите информации.

„Тој е голем човек за нашето семејство, го смени текот на целата акција. Со останатите кои помогнаа досега, направи многу да го спасиме Вукан“, изјави Ивана Стојиљковиќ.

Треба да знаете
Последни објави