Search

Никола Димитров на работен доручек со Здружението на дипломирани студенти од Република Северна Македонија во Република Турција

На покана на Здружението на дипломирани студенти од Република Северна Македонија во Република Турција и Амбасадата на Република Турција во Република Северна Македонија, денес министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваше, како почесен гостин, на работниот доручек на тема „Македонската надворешна политика во услови на променлива динамика”.

Во своето обраќање пред присутните, министерот  Димитров се осврна на клучните внатрешни и надворешно-политички моменти во последните две години – потпишувањето на договорите за Пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија, Договорот од Преспа со Грција, потпишувањето на Протоколот за членство во НАТО и очекуваното добивање на датум за почеток на преговори за членство со ЕУ.

МНР Димитров го пренесе задоволството од големиот број студенти од Северна Македонија кои студираат во Турција и обратно. Се заблагодари за доделените турски стипендии за нашите студенти, чија бројка досега достигнува 1400, нагласувајќи дека студентската популација „претставува нераскинлива врска и мост меѓу двете пријателски земји и народи”.

Во разговорите со претставниците на Здружението, како и на турските компании и културни установи, беше изразено задоволство од нивото на соработката со Турција која се одвива во духот на традиционалното пријателство, со нагласен  позитивен пристап на двете земји за продлабочување на севкупната соработка.

Треба да знаете
Последни објави