Search

Никозија бара поостри санкции на ЕУ против Турција

Санкциите кои вчера беа разгледани од претставниците на земјите членки на ЕУ против Турција, односно нејзините дупчења на морското дно покрај брегот на Кипар, не се доволни според мислењето на Никозија, пишува „Катимерини”.

Медиумот потсетува дека претставниците на Унијата се договорија да спроведат казнени мерки против Турција поради нејзините дупчења, кои таа ги врши во територијални води за кои претендираат Република Кипар и Турската република Северен Кипар, која е призната само од Анкара.

Санкциите вклучуваат прекин на дијалогот на високо ниво, како и на преговорите за Договорот за воздушен сообраќај. Најверојатно ќе биде намалена и претпристапната помош, која Турција, како земја која сака членство во ЕУ, ја добива од Унијата.

Но, за Република Кипар, мерките кои се предложени во документот, се многу општи и празни, а критичарите сметаат дека не се вклучени конкретни ограничувачки мерки, кои ЕУ ветила дека ќе ги воведе уште минатиот месец.

Треба да знаете
Последни објави