Search

Низ Норвешка роботи ќе разнесуваат пошта

Норвешката национална пошта „Постен Норге“ наскоро ќе почне да користи поштарски роботи односно роботизирана служба за испорака, со цел да им обезбеди на корисниците подобра достава на пратките.

Норвешката пошта потпиша договор со старт-ап компанијата „Бади Мобилити“, која има седишта во Осло и Сан Франциско. Нивниот план е во првата фаза на улиците да пуштат роботизирани возила само во областа на градот Конгсберг, а подоцна и по останатите норвешки градови, пренесува „Танјуг“.

Роботот поштар ќе функционира така што ќе доаѓа до домовите на корисниците и ќе ги известува за пристигнувањето на пратката. Пораката ќе биде примена од граѓаните на Конгсберг преку апликација за паметен телефон. Пораката исто така ќе го прикажува кодот за отклучување на поштенското возило во кое ќе биде сместен пакетот.

Роботизираното возило ќе патува со брзина од 6 километри на час, а со тоа темпо ќе може да испорача пратки до сто адреси на ден. По доставувањето на сите пакети, возилото ќе се враќа во седиштето на поштата, ќе ги наполни своите батерии и ќе чека за нови пратки.

Портпаролот на норвешката пошта, Џон Екоф, рече дека поштата сега има околу 20.000 вработени помалку отколку што имала во средината на деведесеттите години на минатиот век.

Треба да знаете
Последни објави