Search

Нигериец фатен со речиси килограм дрога во стомакот на аеродромот во Будимпешта

Маж од Нигерија бил приведен на аеродромот „Франц Лист“ во Будимпешта, откако бил фатен во обид да прошверцува скоро еден килограм кокаин и хероин во неговото тело.

Поради сомнителното однесување, на човекот му било наредено да помине преку СТ – скенер, кој открил дека во неговиот стомак има околу 50 пакувања со дрога, пренесуваат тамошните медиуми.

Подоцна било утврдено дека човекот се обидел да прошверцува над 810 грама кокаин и 66 грама хероин, потврдија надлежните органи.

Треба да знаете
Последни објави