Search

Нивото на Дрим тројно пониско од просекот за мај

Трипати пониско од просекот за мај е нивото на реката Црн Дрим, покажуваат денешните хидролошки мерења кај Ложани.

Како што информира УХМР, нивоата на сите реки се под мајскиот просек.

Преполовени се нивоата на Лепенец кај Скопје, на Вардар кај Велес, на Треска кај Македонски Брод, на Крива Река кај Крива Паланка и на Бабуна кај Богомила.

Водостоите, пак, на езерата, Охридско, Преспанско и Дојранско се во рамки на просекот.

Треба да знаете
Последни објави