Search

Не ја потиснувајте лутината, тоа е здрава емоција

Лутината се категоризира како негативна емоција и луѓето главно се обидуваат да ја одбегнат, но психолозите велат дека е сосема во ред, па дури и здраво да бидете лути.

Лутината има „лоша репутација“ бидејќи главно се поврзува со насилство, но овие два поими не се секогаш поврзани.

Исто така треба да се нагласи дека агресивни дела се прават и без претходно чувство на лутина.

Причината зошто е здраво да бидете лути, пред сѐ е бидејќи ве тера гласно да го кажете тоа што го чувствувате и мислите.

Луѓето се трудат да го кажат нештото на пристоен начин и се губат во тоа, а кога сте лути, директно го кажувате тоа што го мислите.

Лутината има уште една предност во меѓучовечката комуникација – помага да преговарате.

Во поголемиот број случаи, изразувањето на лутината резултира со тоа сите страни да бидат поподготвени за искрен разговор.

Лутината е здрава бидејќи е катарзична емоција што нѐ мотивира да промениме нешто кај себе и во околината.

Психолозите сепак предупредуваат да не се поистоветува лутина со гнев и кога го искажувате своето мислење во лутина сепак да внимавате да не навредите некого и да не бидете насилни.

Треба да знаете
Последни објави