Search

Не успеа планот на ВМРО-ДПМНЕ да ги спаси криминалците, ги спречивме, опозициската партија призна дека аболицијата на Иванов е ништовна и незаконска

Не успеа планот на ВМРО-ДПМНЕ да ја врати аболицијата на Ѓорге Иванов. Не успеа планот на ВМРО-ДПМНЕ да ги спасат криминалците од своите редови.

Се докажа уште еднаш дека зад иницијативата пред Уставниот суд, како и зад целата незаконска аболиција на Иванов стојат структури на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ од 2015 година па наваму тврди дека одлуката на Иванов е исправна и врз основа на постоечки член.

Денеска, на седницата на Законодавно-правната комисија без збор, без дискусија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа дека не постои таков член односно дека Иванов надвор од законот аболицирал врз основа на непостоечки член.

Ниту тогаш ниту пак сега има правна можност да се даде такво помилување и аболицијата на Иванов е незаконска и ништовна.

Денеска тоа го призна и ВМРО-ДПМНЕ. Залудни се нивните обиди преку лице обвинето во предмети на СЈО да се обидуваат да го дефокусираат вниманието од нивниот неуспех да ја оживеат незаконската аболиција.

Со затворањето на нелегалната аболиција на Иванов, се отвора простор реформите во правосудството да продолжат.

СДСМ не дозволи и нема да дозволи нови амнестии, одговорност за сите мора да има.

Треба да знаете
Последни објави