Search

Не се откажувајте од слатките: Еве како да уживате а никогаш да не се здебелите

Одлуката да се отфрли шеќерот е многу тешко, и овој чекор често се одложува, што доведува до здравствени и естетски проблеми.

Она што е важно да се знае е дека не е добро целосно да го запрете внесувањето на шекери во организмот, едноставно заменете го со здрави и корисни шекери. Често не ни знаеме каде и во што се наоѓа шекерот, а ние го поврзуваме само со чоколадо и слатки.

Наместо рафиниран шеќер кој го има во речиси сите чоколади, слатки и газирани пијалаци, треба да се јаде храна која е подеднакво слатка и сочна, но која е поздрава за организмот. Шеќерите се наоѓаат во разни намирници, некои се здрави, а некои не се, важно е да ја конзумирате вистинската храна само кога ќе ви се појави потреба.

Овошјето и зеленчукот се најдобра замена, а во овој период од годината имаме пристап до различни вкусни плодови кои може да се конзумираат на различни начини.

Урми: урмите покрај тоа што се многу вкусни и здрави, 100 грама урми содржат околу 60 грама шеќер, кој целосно се користи и нема страв од добивање на нови килограми. Поради големи количини на шеќер кои што го содржат, тие се одличен засладувач за различни пијалоци и смути, а одлични се и за во овесна каша.

Малини: како и урмите, малините се одличен додаток на многу јадења.. Содржи многу малку калории, но содржи шеќер кој ќе ја изгасне желбата за нездрави закуски.

Кокос: кокосот можете да го конзумирате во разни форми, свеж, и како шеќер и како брашно, и никогаш нема да направите грешка! Уште една намирница која ќе ја комбинирате со другите состојки и која ќе ви ги оттргне вашите мисли од лошите навики.

Јаболки: едно јаболко содржи околу 15 грама шеќер, и иако е монотоно да јадате само јаболки, секогаш можете да помешате со шлаг без шеќер.

Јагоди: кога сме кај шлагот, важно е да се спомене дека јагодите имаат околу 5 грама шеќер колку што има и морковот, а во топлите денови се многу освежувачки.

Треба да знаете
Последни објави