Search

Не престанува: Мурињо „нападна“ четворица свои фудбалери и истакна дека немаат карактер

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо кратко време откако остана „смирен“ со своите коментари во јавноста, не издржа и повторно „удри“ по своите играчи.

Имено, Мурињо  истакна дека Лук Шо, Ентони Марсијал, Џеси Лингард и Маркус Рашфорд имаат голем потенцијал, но им недостасуваат неколку човечки квалитети како карактер и „свое јас“.

-Им недостига зрелост. И кога велам зрелост, дозволете ми да ви кажам дека мислам на зрелост на личноста. Тие се разгалени деца сега. Децата во денешно време имаат поинаков живот и имаат поинакво опкружување околу нив. Кога мислам на тоа зборувам за луѓето кои се околу играчите. Овие луѓе им даваат многу внимание и можност за многу изговори. Луѓето созреваат многу побавно во денешно време.

-Погледнете го Лук Шо, тој има огромен потенцијал, но не знае како да се однесува. Голем потенцијал, да, голем потенцијал. Зборуваме за Шо, Марсијал, Лингард, Рашфрд, млади, надежни, но на крајот од денот им недостасува карактер и личност- коментираше Мурињо.

Треба да знаете
Последни објави