Search

Не заборавајте пред да си легнете да ги вратите стрелките на часовниците

Во три часот по полноќ, стрелките на часовникот ќе се вратат назад за еден час, со што започнува зимското сметање на времето. Ова ќе биде претпоследно враќање на часовникот зашто од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската унија.

Предлогот беше усвоен од Европскиот парламент, но секоја членка на Унијата ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето. И во Македонија, сè уште нема дефинитивна одлука. Од Владата велат, дека во овој случај нашето национално законодавство треба да биде усогласено, со законодавството на ЕУ и да се направат анализи што ќе ги опфатат сите социјални и економски фактори. Граѓаните се против зимско сметање на времето.

Треба да знаете
Последни објави