Search

Не е далеку времето на обединување на турските партии и заеднички настап на следните избори

Енес Ираим, Фуркан Чако, Бејкан Илјаз се само дел од Турците во Македонија кои се најдоа на избирачите списоци за овие избори. 24 инфо разговараше со нив и од разговорот може да се види дека целта е една, задоволни граѓани, добра и стабилна економија и што повеќе инвестиции кои за прериодот кој доаѓа велат дека се очекува да бидат најбројни од Турција.

Енес Ибраим е во изборна единица 5 во колаиција на СДСМ од Партијата за движење на Турците. Според него турската заедница верува во демократски вредности без разлика на идеолошните определби.

– Битно е дека сме вклучени активно во политичкиот живот. Врзани сме во предизборни колиции. Што се однесува до странските инвестиции изминатиов период имаше многу средби со турски инвеститори. За изминативе две ипол години донесовме многу турски инвестиции со голем капитал. Турција ни е трговски партнер и секако во скоро време ни треба нов договор за слободна трговија со неа. Битно е дека  некои работи одат напред и се надевам дека во иднина и тоа ќе се релизира- вели Ибраим.

Фуркан Чако е во шеста изборна единица и убеден е дека ќе биде дел од идниот Парламент.

-Имам голема поддршка од турско население. Во два мандата бев министер за странски инвестиции. Бев дирекно вклучен во носењето на турски инвестиции. Владата која ќе биде предводена од наша колација знае како да ги донесе странските инвестции. Зошто има многу турски партии и што треба да се направи е малку подолга анализа но ние сме спремни како нова млада генерација во иднина на ваков чекор. Сега се прават активности за ова и не е далеку времето кога ќе се оствари вакавата замисла. Не е далеку времето на обединување на турските партии и заеднички настап на следните избори- вели Чако.

Бејкан Илјаз е лекар член и претседател на Турската демократска партија. Вели дека е свесен дека како држава поминуваме низ еден тежок период. Месец Февруари беше распуштен парламентот со намера дека во Април месец ќе се одржат Предвремените Парламентарни избори.

-За жал се најави пандемијата и тогаш свативме дека не чекаат тешки денови посебно за нашите граѓани бидејќи “нивното здравје секогаш ни било пред се”. А јас како лекар познавајќи ја материјата околу инфективните заболувања и заразата, бев свесен дека освен здравствените проблеми не очекува тежок период и околу социо-економскиот развој на нашата држава. Како што и спомнав погоре, длабоко сум убеден дека кој и да беше на власт во овој период не ќе можеше да се справи подобро. Затоа ги повикувам сите политички партии да се сплотиме сите заедно, да работиме околу санацијата на нашата држава бидејки верувам дека и од позиција на позиција, и од позиција на опозиција може да се допринесе за излез од пандемската криза- вели Илјаз. А околу економскиот развој и стабилноста на нашата држава во идниот период, убеден е дека веќе нема да се зборува за членство во НАТО бидејќи веќе сме 30 та членка на Алијансата- вели Илјаз.

Според него нашата држава веќе е побезбедна за странските инвестиции, за нашите мали и средни претпријатија и за сите граѓани кои мислат да осниваат свои бизниси .

-Со тоа што ќе допринесеме за нови работни места и со господ напред да ја сведеме невработеноста на едноцифрен број, а со тоа да ги задржиме нашите млади луѓе во својите огништа. Не знам колку ви е познато дека ТДП е формирана најпрвин како ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ на ТУРЦИТЕ во 1990 година, а во 1992 година е претворена во политичка партија. Јас и моите пријатели во партијата и нашите членови скоро сите сме од тие почетни денови на формирањето на оваа партија. За жал многуте наши искусни кадри со текот на годините, некои се починати а некои се во пензија. А некои пак во изминативе 30 години, поради за нас непознати причини најпрвин се тргнаа настрана а потоа и формираа свои политички партии. Со тоа јас денеска сум горд бидејќи сум петтиот претседател на партија која има одржано 9 конгреса. Во која партија секогаш се почитувале демократските вредности, преку централното собрание и централниот управен одбор каде што членуваат истакнати личности кои се избрани на секоја четврта година од страна на 330 делегати. А јас и претходните претседатели секогаш сме ги почитувале екипно донесените одлуки на нашата партија ТДП. Е сега ако се вратиме кон минатото, ние никогаш не сме преферирале делби кај нашиот Турски народ на политичка основа. А од друга страна некои пак работеле на ова поле со тоа што на крајот формирале и свои партии кај кои за жал не се почитувани највисоките демократски и статутарни вредности. Кога сме кај обединувањето, за жал овој постоечкиот изборен модел во државата доведе до тоа да се формираат мали партии кои се сателити на поголемите партии. Ние од 2007 година до ден денес сме иницирале прашањето околу, рефлектирањето на волјата на граѓаните во законодавниот дом.

А во идниот состав пак ова прашање ќе го донесеме на дневен за да излезе на виделина вистинската слика на политичките партии за да и на граѓаните им биде јасна сликата околу ова. До ден денеска нашите врати биле отворени за секакви разговори но за жал секој си тера по свое бидејќи по некој основ се формираат политички партии со собрани 1000 потписи ( не знам ни да ли се контролира тие) кои коалицираат со А или Б опција, без партиска програма, без конгрес на партијата, без Собрание и без управен одбор а со цел да добијат дел од колачот кој ќе им биде сервиран во понатамошниот тек. За жал ова е вистината !

Кога сме кај странските инвестиции посебно од страна на Р.Турција веќе некои работи од блиското минато се видливи како Џеваир Холдинг, ТАВ, ХАЛКБАНКА и други.

Пред некое време имавме средба со МАТТО (Македонска Турска Трговска Комора) со кои споделивме искуства и имавме шанси да ги слушнеме нивните барања. Бизнисмените се расположени да инвестираат, условите се поволни но има и некои работи кои треба да се средат за да се оствари нивното барање а тоа е да се постигне трговската размена околу 1 милијарда долари годишно а зошто и да не се постигне и некоја поголема цифра.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави