Search

Нејмар: Тренирам повеќе од вообичаеното

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нејмар изјави дека е загрижен затоа што не се знае кога ќе се врати на терените поради пандемијата од коронавирус.

Ѕвездата на репрезентацијата на Бразил и ПСЖ изјави дека тренира напорно и покрај фактот дека не е јасно кога повторно ќе игра фудбал.

– Јас тренирам повеќе од вообичаено за да го надокнадам недостатокот на натпревари. Со нетрпение очекувам да се вратам на теренот, но јас сум загрижен што не знам кога ќе се вратиме на фудбалот. Навистина ми недостасува да играм, да се натпреварувам како и соиграчите, рече Нејмар, пренесуваат француските медиуми.

Француската Лига 1 официјално заврши, ПСЖ е прогласен за шампион, а екипата на Томас Тухел е остана во Лигата на шампионите, за која сè уште не е познато дали ќе продолжи.

Треба да знаете
Последни објави