Search

Нејмар поради повредата на глуждот ќе паузира два месеци

Напаѓачот на францускиот фудбалски прволигаш ПСЖ, Бразилецот Нејмар, ќе паузира од шест до осум недели поради повреда на глуждот, објави неговиот клуб. Бразилскиот репрезентативец се повреди во неделата на првенствениот натпревар против Сент Ентјен и беше изнесен на носилки од теренот во 57 минута.

– Прегледите констатираа дека Нејмар го повредил глуждот на левата нога и има повреди на лигаментите. Се очекува да мирува од шест до осум недели, се наведува во клупското соопштение.

ПСЖ наведе дека Нејмар ќе биде подложен на дополнителни прегледи во следните 72 часа.

Треба да знаете
Последни објави