Search

Нејмар подготвен да се извини на навивачите на Барселона

Бразилецот Нејмар е подготвен да направи се што е потребно за да се врати во Барселона во лето.

Нејмар за да се врати на „Камп Ноу” е подготвен и јавно да се извини на навивачите, информира порталот „Спорт.ес”.

Претходно беше објавено дека Нејмар сака да го напушти ПСЖ и да се врати во Каталонија која ја напушти во 2017 година.

Сепак, за да се случи тоа потребна е дозвола и од францускиот шампион ПСЖ кој се уште не е подготвен да го ослободи Бразилецот и покрај неговата желба. 

Треба да знаете
Последни објави