Search

Нејмар плачел како мало дете кога му соопштиле дека не се враќа во Барселона

Бразилскиот фудбалски интеранционалец Нејмар беше главниот лик во летниот преоден рок, но на крајот истиот го дочека со веста дека останува да си го одработува договорот со францускиот првак ПСЖ. Барселона од каде Нејмар пред две лета замина за рекорден трансфер од 222 милиони евра во Париз, беше најспоменуваниот тим за негово враќење на „Кам Ноу“. Откако заврши временскиот период за преселба на фудбалерите и му била соопштена веста дека нема да се врати во Барселона, 27-годишниот Нејмар се расплакал како мало дете.

Во шпанската ТВ-емисија „Ел Чирингито“ се открива дека од Барселона му се јавиле на Нејмар во саботата вечер да го информираат дека нема да го купат, односно дека не се договорител со раководството на ПСЖ.

Некои медиуми пак пишуваат дека Барселона никогаш не била сериозна во обидот да го врати Нејмар, зашто по ангажирањето на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, Каталонците немале доволно пари за трансферот.

Треба да знаете
Последни објави