Search

Нејмар отвори нова „војна“ со претседателот на ПСЖ

Барзилскиот фудбалски интеранционалец Нејмар отвори нова „војна“ со раководството на ПСЖ. Страстите зовреа откако бразилскиот ас беше посочен како предводник на бунтот што дел од фудбалерите го водат против раковдството на францускиот првак ПСЖ. Претседателот Насер Ал Келаифи минатото лето го блокираше трансферот на Нејмар во Барселона, па ваквиот однос на Бразилецот е јасна порака и притисок врз управата да му биде дозволено да си замине од Париз текот на летниот преоден рок.

Според францускиот весник „Фигаро“, еден од ретките кои се согласни да им се намали платата за 70% е Килијан Мбапе. Бразилците Тијаго Силва и Маркињос преговараат за помал процент на скратување, додека Нејмар неска да слушне за такво нешто.

Брзилецот Нејмар заработува три милиони евра месечно и не прифаќа никакво намалување на платата. Зад него стојат и Кавани, Ерера, Бернат и уште неколку фудбалери, кои немаат намера да се откажат од примањата кои им следуваат според договорите.

Барса подготвува нова мегапонуда за својот поранешен напаѓач, а ПСЖ најверојатно ќе се согласи да му дозволи да замине од Париз.

Треба да знаете
Последни објави