Search

Нејмар мора на принудна пауза

Победата на ПСЖ над Истанбул Башакшехир во Лигата на шампионите донесе и еден проблем за тренерот Томас Тухел.

Бодовите беа освоени со убедлив триумф, но повреда заработил Нејмар, кој сега мора да оди на принудна пауза.

Бразилецот се пожали на болка во првото полувреме, а Тухел денеска потврдил дека се работи за истегнат мускул, што бара соодветна нега, но и одмор од обврските за Нејмар.

Според тоа, сигурно е дека ѕвездата на ПСЖ ќе ги пропушти дуелите со Нант и Рен во француското првенство, како и средбата од Лигата на шампионите против РБ Лајпциг.

Нејмар постигна 2 гола на 4 натпревари во францускиот шампионат.

Треба да знаете
Последни објави