Search

Нејмар и за 15 милиони помала плата сака да се врати во Барселона

Бразилскиот фудбалски ас Нејмар е подготвен да се откаже од голем дел од своите финансиски примања, само да се врати од францускиот ПСЖ во Барселона. Како што пренесува „Би-Би-Си“, Нејмар ќе прифати наместо за 38 милиони евра колку заработува во Париз, во Барселона  да игра за 23 милиони евра по сезона. На овој потег се одлучил само да ја забрза постапката за негово враќање во редовите на шпанскиот првак Барселона.

На две недели пред крајот на преодниот рок  Нејмар (27 години) е во неизвесност каде ќе продолжи. Покрај Барселона за услугите на Бразилецот е заинтересиран и лутиот ривал Реал Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави