Search

Нејмар во Јувентус во замена за Дибала

Пауло Дибала може да биде дел од размената на Јувентус со ПСЖ за Нејмар, пишуваат шпанските медиуми.

Нејмар сака да замине од ПСЖ уште ова лето, но проблемот е во тоа што ниеден клуб не може да ја плати сумата од 222 милиони евра, колку што беше купен од Барса.

Според „Раи спорт”, таткото на Нејмар веќе се сретнал со директорот на Јуве, Фабио Паратици во Торино, а „Мундо депортиво” пишува дека бјанконерите се една од главните опции за иднината на Нејмар.

Инаку, 27-годишниот Бразилски фудбалер замина во ПСЖ во 2017 година за 222 милиони евра, а од тогаш на 58 натпревари за парижаните постигнал 51 гол.

Треба да знаете
Последни објави