Search

„Нетфликс“ веќе снима документарец за сагата на Ѓоковиќ во Мелбурн

Според најавите од Велика Британија, Новак Ѓоковиќ би требало да биде ѕвезда на серијата на Нетфликс посветена на настаните во Австралија.

И додека целиот свет го чека исходот од таа приказна, односно дали Србинот ќе заигра на Австрлија Опен или ќе биде депортиран, Дејли Мејл носи ексклузивна информација дека маките на Ѓоковиќ во „земјата на кенгурите“ ќе бидат овековечени во форма на серија зад која стои Нетфликс.
Нетфликс веќе започна со снимање на документарна серија во која животот на тенисерите е прикажан според шаблон од серијата Drive To Survive за возачите на Формула 1.

Според Британците, тимот од Нетфликс веќе има неколку невидени сцени од случајот Ѓоковиќ, кој деновиве го окупираше вниманието на целиот свет. Од самото пристигнување во Австралија, до приведувањето, ослободување и тренинзите по ослободувањето, гледачите ќе можат сето тоа да го видат во финалниот производ. Очекуваното објавување на материјалот, кој несомнено ќе стане нова успешна приказна на Нетфликс, се очекува на крајот на годината, бидејќи серијата ќе продолжи со продолжението на сезоната, без оглед на расплетот на сагата на Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави