Search

Нетс и Меџик ги обезбедија последните две места во плеј-офот на Истокот

Сликата за плеј-офот во НБА лигата почна да се разјаснува откако Бруклин Нетс и Орландо Меџик ги обезбедија последните две плеј-оф места во Источната конференција.

„Мрежите” ги совладаа Сакраменто Кингс со 119-106. Разликата достигна 23 поени во еден момент, а седум кошаркари завршија со двоцифрен број на поени. Најкорисен за победниците беше Карис Леверт со 22 поени. Богдан Богдановиќ постигна 27 поени за „кралевите”.

„Магичните” обезбедија место во плеј-офот и покрај тоа што загубија од Филаделфија 76-ерс со 101:108. Сепак, „волшебниците” од Вашингтон загубија од Њу Орлеанс Пеликанс со 107:118 и тоа му овозможи на Орландо да обезбеди пласман во плеј-офот.

Еван Фурние заврши со 22 поени за Меџик, но тројца играчи на Фили постигнаа најмалку 20 во лицето на Тобајас Харис, Ал Хорфорд и Џоел Ембид во отсуство на Бен Симонс.

Така, Бруклин и Орландо ќе бидат на 7-то или 8-то место на Истокот. Пред нив, пласман во плеј-офот обезбедија и Милвоки Бакс, Торонто Рапторс, Бостон Селтикс, Мајами Хит, Филаделфија 76-ерс и Индијана Пејсерс.

Треба да знаете
Последни објави