Search

Нетси губат и со Ирвинг, порази и на Јута и Милвоки

Јута Џез загуби синоќа на гостувањето кај Детроит Пистонс со 126:116. Натпревар на кариерата одигра Кејд Канингем постигнувајќи 29 поени од кои пет тројки. 29 поени постигна и Садик Беј за Пистонси, кои имаа шест играчи со двоцифрен број на поени, додека кај Џезерите најефикасен со 31 поен беше Донован Мичел.

Шарлот Хорнетс на домашен терен го совлада шампионот Милвоки Бакс со 103:99 и му нанесоа втор пораз на меѓусебните дуели. Тери Розиер беше најефикасниот играч на Шарлот со 27 поени, а Ламело Бол додаде 23 и постигна клучни поени во финишот. Крис Мидлтон со 27 поени и 11 скока и Џанис Антетокунмпо со 26 поени, 13 скока и 8 асистенции беа најдобри кај Бакс.

Најинтересниот натпревар на вечерта се одигра во Бостон каде домашните Селтикс славеа против Индијана со 101:98 по продолжение. Џејсон Тејтум го постигна кошот кој му донесе продолжение на Бостон, а вечерта ја заврши со 24 поени. Најефикасен кај Селтикси беше Џејлен Браун со 26 поени. Најефикасен во Пејсерс беше резервистот Џереми Лемб со 19 поени, додека Домантас Сабонис забележа трипл дабл со 11 поени, 10 асистенции и дури 23 скока.

Портланд Трејл Блејзерс го победи Бруклин Нетс со 114:108 иако играше без повредениот Демијан Лилард. Енферни Сајмонс постигна 23, Роберт Ковингтон 21 и Бен Меклмор 20 поени, додека најдобар кај Нетси со 28 поени и 10 скока беше Кевин Дурент. Кајри Ирвинг мечот го заврши со 21 поен.

Треба да знаете
Последни објави