Search

Нетанјаху ќе влезе во историјата на Израел со најдолга премиерска функција

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, на крајот на оваа недела ќе го надмине Давид Бен-Гурион и ќе стане претседател на владата на Израел кој најдолго останал на таа функција.

Бен-Гурион беше на чело на владата на Израел 4.875 дена, околу 13 ипол години, од 14 мај 1948 до 26 јануари 1954 година и повторно од ноемвеи 1955 до крајот на јуни 1963 година. Нетанјаху беше премиер од јуни 1996 до јули 1999 година, а од крајот на март 2009 година без прекин е на оваа функција.

Во петок тој ќе го изедначи стажот со Бен-Гурион, а во сабота ќе го надмине и ќе влезе во историјата на Израел.

Тој, според годините поминати на функцијата, меѓу лидерите на земјите членки на Организацијата за економска соработка и безбедност (ОЕЦД), е трет – после Реџеп Таип Ердоган во Турција и Ангела Меркел во Германија.

Нетанјаху ја предводи преодната влада до изборите закажани за 17 септември оваа година. Тој се соочува со обвиненија за корупција. Но, законот му дозволува на премиерот да остане на функцијата сè додека не биде осуден и сите негови жалби не бидат одбиени.

Треба да знаете
Последни објави