Search

Нетанјаху тајно се сретнал со саудискиот престолонаследник и со Помпео

Израелското јавно радио „Кан“ и „Армиското радио“ објавија дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тајно ја посетил Саудиска Арабија, каде што се сретнал со престолонаследникот Мохамед бин Салман и со американскиот државен секретар Мајк Помпео, пренесува „Спутник“.

За време на наводната посета, Нетанјаху бил придружуван од шефот на разузнавачката служба „Мосад“, Јоси Коен.

Извештаите доаѓаат во период кога израелски репортери, вклучително и Барак Равид, тврдат дека наводната тајна средба се случила во Неом, новопланираниот саудиски град, лоциран на неколку километри од јужната граница на Израел.

Медиумите на хебрејски јазик цитираа неименуван израелски официјален претставник дека Нетанјаху и Коен летале Неом во неделата. Принцот Мохамед бин Салман беше таму на разговори со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Веб-страницата „Флајтрадар24“, што овозможува следење на летовите во светски рамки, покажува дека авион полетал од Тел Авив во понеделникот околу 17:30 часот и исчезнал од радарите во близина на Неом околу еден час подоцна. На неа се гледа како истиот лет се појавува на радарите во близина на Неом и се спушта во Тел Авив. Нема дадено детали за летот.

Кабинетот на израелскиот премиер не одговорил на барањата за коментар.

Израелскиот министер за образование, Јоав Галант, кој е исто така член на кабинетот на Нетанјаху и на партијата Ликуд, го потврди извештајот, посочувајќи дека самиот факт што состанокот се случил и бил објавен јавно, дури и ако е полуофицијален, е прашање од големо значење “.

Амбасадата на САД во Ерусалим допрва ќе коментира по ова прашање.

Ова се случува еден ден откако американскиот државен секретар Помпео изрази уверување дека повеќе арапски земји се подготвени да ги нормализираат односите со Израел.

Извештајот следи по најавата од „Сауди прес ејџенси“ во септември дека Кралството ќе им дозволи на „сите земји“ да летаат над нејзините територии на пат кон и од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Во август, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Саудиска Арабија ќе биде следната земја што ќе се приклучи на неодамнешниот мировен договор меѓу Израел и ОАЕ.

Трамп истакна дека договорот што го склучија со ОАЕ и Израел  е добра зделка и тврдеше дека и другите земји сакаат да го постигнат тој договор, подоцна појаснувајќи дека мислел на Саудиска Арабија.

Во 2018 година, израелската ТВ станица „Хадашот“цитираше изворите дека Нетанјаху е заинтересиран за воспоставување формалните врски меѓу еврејската држава и Саудиска Арабија.  Претходно тој призна дека имал контакти со Саудиска Арабија кои се чуваат во тајнаост.

Треба да знаете
Последни објави