Search

Нетанјаху се откажува од дел од планот на Трамп за прекројување на границите

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се откажа од дел од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за прекројување на израелската граница, врз основа на кој повеќе арапски градови треба да се приклучат на идната палестинска држава.

Нетанјаху изјави за израелски медиуми дека идејата не е релевантна.

„Мора да ја избришеме идејата за трансфер. Нема трансфер. Нема да има трансфер. Никој, ниту Евреин ниту Арап, нема да бидат преместени од нивниот дом”, рече израелскиот лидер.

Планот на Трамп претставен во Белата куќа на 28 јануари „ја разгледува можноста” за вклучување на таканаречениот Тријаголник, област југоисточно од Хаифа, во близина на палестинскиот град Џенин на Западниот Брег, да се вклучи во државата Палестина, доколку и двете страни се согласат.

Жителите од областа, со 14 градови и села со повеќе од 260.000 израелски Арапи, протестираа против идејата дека можеби еден ден ќе живеат во новата палестинска држава.

Предлогот во планот на Трамп не предвидува физичко преместување на жителите на Тријаголникот, туку само прекројување на границите.

Треба да знаете
Последни објави